Интер со играч повеќе прими два гола, но Турам даде три и донесе победа! (ВИДЕО)
Црвениот картон се случи во 20. минута кога Марипан поради остар старт беше исклучен. Торино остана со играч помалку.
Само пет минути подоцна Интер ја искористи таа предност и преку Турам поведе со 1-0. Брзо потоа тој постигна уште еден гол и ја зголеми предноста на 2-0.
Но, Торино и покрај тоа што играше со фудбалер помалку и имаше два негатива, не се откажуваше. Во 36. минута Запата го намали водството на Интер на 2-1.
Во 60. минута Турам постигна и трет гол, негов хет-трик со кој се чинеше дека е ставен крај на секоја возбуда.
Но, Влашиќ во 86. минута погоди од пенал, намали на 3-2 за интересни завршни минути. Сепак Торино немаше снага за сензација, Интер победи со 3-2.