Чистката во Пелистер почнува со бркање на иконата на клубот?!

Пелистер зад себе има една од најлошите сезони во историјата на клубот по која испадна во Втората лига, а поради тоа во битолскиот клуб летово ќе следат и големи промени.

Веќе беше избран и нов претседател, Димитар Митревски го презема раководењето, а Борче Христов седна на кормилото и ќе има задача да го врати тимот во Првата лига. Неофицијално според информациите на најблиската страна до клубот „И моето дете ќе навива за Пелистер“, иконата на клубот Мирко Ивановски е првиот кој ќе го напушти клубот.

На Ивановски најмногу му се замерува на промашувањата во баражот за опстанок со Шкендија Арачиново по кој битолчани ги загубија сите шанси за опстанок.

Ивановски во Пелистер се врати летото пред две години по 18 години интернационална кариера и за него ова е втор мандат откако претходно и тука започна во 2006 година. Низ кариерата беше дел уште од: Славија Прага, Клуж, Хајдук, Славен Белупо, Конкордија, Видеотон...