Уште едно изненадување на Вимблдон – крај и за противничката на Лина!

Aманда Анисимова која ја елиминираше Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон во историскиот настап на македонската тенисерка беше запрена веќе на следната пречка.

Денеска во второто коло Анисимова која минатата година играше финале на Вимблдон и во моментот се наоѓа на шестата позиција на светската ВТА листа доживеа изненадувачка елиминација од Медисон Кис.

Кис до победата против својат сонародничка дојде со пресврт и 2-1 во сетови. Анисимова тргна подобро и го доби првиот сет со 6-3, но потоа ги загуби следните два со 6-2 и 6-3.

Инаку ова е само уште едно изненадување во текот на денешниот ден откако денес претходно елиминирани бе втората и третата, тенисерка во светот, Ига Швјонтек и Елена Рибакина.