Ден за чуда на Вимблдон: Eлиминирани се две од трите најдобри тенисерки во светот!
Женскиот турнир на Вимблдон денеска остана без втората и третата носителка.
Најпрво загуби Рибакина. Во првиот сет се играше тајбрејк кој го доби Мертенс со 7-4 и поведе со 1-0. Во вториот белгиската тенисерка беше убедлива со 6-1 со што го комплетираше изненадувањето.
Многу слично настрада и Ига Швјонтек која покрај тоа што е трета најдобра тенисерка во светот, таа е и актуелна освојувачка на Вимблдон.
Во првиот сет се играше тајбрејк кој го доби Ијала со 11-9. Во вториот Филипнката беше убедлива со 6-2.