Милан не се откажува од Модриќ: Аморим го убедува да остане во клубот
„Газета дело Спорт“ пишува дека Кардинале има јасни намери за Модриќ, а во целиот процес на преговори се вклучил и новиот тренер Рубен Аморим.
Аморим во Модриќ гледа клучна фигура во создавање на квалитетен тим за следната сезона, а веќе му посочил дека ќе биде лидер во соблекувалната.
Тренерот му ветил дека се планирани уште неколку засилувања, по доаѓањето на Гончало Рамош, со цел да се врати тимот на шампионскиот врв.
Фото: Facebook/AC Milan