Ивановски: Ова ми беше еден од најтешките мечеви, планот ми е пласман на Грен слем

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, утре ќе игра финале на „Маседониан Опен“, турнирот кој се одржува во Скопје откако денеска спаси две меч топки и го победи Бугаринот, Јанаки Милев.

По мечот Ивановски ја потенцираше и желбата за пласман на Грен слем турнир.

„Денеска го одиграв еден од најтешките мечеви во мојата кариера. Се вратив, спасив две меч топки и победив. Планот мој е да се вратам таму каде што бев и да се пласирам на Грен слем турнир“, рече нашиот тениер по мечот.