Антонели побрз од Хамилтон за прва победа на спринт-трка во Ф1

Младиот возач на Мерцедес, Кими Антонели продолжува со одличните резултати во Формула 1, откако денеска на спринт-трката на „Силверстоун“ успеа да запише победа.

Антонели стигна до првата победа на спринт-трка во кариерата, откако успеа да го помине Луис Хамилтон во осмиот круг, а потоа да го задржи водството до крајот на трката.

Третата позиција му припадна на Ландо Норис, по што следат Џорџ Расел, Шарл Леклер, Макс Ферстапен и Оскар Пјастри, кои понудија големи возбудувања на патеката.

Квалификациите за трката за Големата награда на Велика Британија се возат од 17 часот, додека главната трка е на програмата утре од 16 часот.