Фјури го претепа Вах и се „загреа“ за спектаклот против Џошуа (ВИДЕО)

Тајсон Фјури без милост го претепа полскиот боксер Мариуш Вах на Тајланд, а борбата мораше да биде прекината по седмата рунда.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија го демолира несреќниот полски ветеран, односно Фјури доминираше од самиот почеток.

Ова беше само „загревање“ за Фјури, кој треба да се соочи против Ентони Џошуа при крајот на оваа година.

Фјури со ова стигна до 36. победа во кариерата, а има и два порази и еден меч без победник.