Намалена казната на тетовци: Шкендија првите два домашни меча ќе ги игра во Скопје

Македонскиот вицешампион Шкендија доби намалување на казната од четири на два натпревари без присуство на публика, па така сезоната ќе ја почне со два натпревари во улога на домаќин, но дуелите ќе ги игра во Комплексот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Скопје.

Шкендија соопшти дека првите два домашни натпревари од сезоната 2026/27 ќе ги играат во Скопје, иако поради реконструкцијата на стадионот како домашен терен беше пријавен стадионот во Гостивар.

Сепак, одлуката на Шкендија да се играат првите два натпревари во Скопје е поврзана со дисциплинската мерка која им беше изречена по финалето во Купот на Македонија.

Екипата од Тетово ја почнува новата сезона в недела со мечот против Скопје од 19 часот.