Претставени новите засилувања: Охрид ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)

Македонскиот суперлига Охрид денеска го одржа првиот тренинг и ги почна подготовките за новата сезона, а воедно ги претстави и осумте нови засилувања.

Охрид во новата сезона ќе влезе со осум нови ракометари, а тоа се Шуичи Јошида, Адама Кеита, Филип Талески, Мартин Карапалевски, Никола Зечевиќ, Мартин Ивановски, Дино Славиќ и Доминик Мате.

По освоениот трофеј во ЕХФ Купот, Охрид во новата сезона влегува со уште поголеми амбиции.

Фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid