Ѓоковиќ и Синер се повлекоа од турнирот во Монтреал

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер решија да не настапат на претстојниот мастерс-турнир во Монтреал, а организаторите го потврдија нивното отсуство.

Престижниот турнир се игра од 2 до 13 август, но публиката остана без можност да ги следи едни од најдобрите тенисери во светот.

Синер кажа дека одлуката ја донел за да одмори од напорниот дел од сезоната, откако успешно ја одбрани титулата на Вимблдон.

По откажувањето на Синер и Ѓоковиќ, главни ѕвезди и носители ќе бидат Александер Зверев и Феликс Оже-Алијасим.

Фото: Wimbledon