Гест што го топли срцето: За Луксембург сме само - Македонија (ФОТО)
Од Луксембург,
Вообичаено, пред секој официјален меѓународен натпревар, гостинските екипи добиваат тимски акредитации за слободно влегување во салата, кои денеска ни го стоплија срцето. Причина за тоа е фактот што Луксембуржаните го користеле името Македонија, без придавката Северна, која иако официјална и понатаму буди негативни емоции кај најголем дел од граѓаните на нашата држава. Овој можеби и случаен гест, сепак, дополнително ја подобри атмосферата во националниот тим, кој иако во променет состав, без Андреј Јакимовски, но и без уште неколкумина кои со квалитетот заслужуваат да се дел од репрезентацијата, сепак, ќе атакува на уште една победа во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029.

Македонија со пет победи од исто толку средби веќе го има осигурано првото место во групата и пласманот во втората претквалификациска рунда, поради што утрешната пресметка има ревијален карактер односно нема резултатско зналеше за двете селекции.