Голем гест: Роналдо ќе помогне на момче од Венецуела кое загуби сè во земјотресот (ВИДЕО)

Силен земјотрес ја погоди Венецуела на крајот на јуни, при што загинаа 2.645 луѓе, а над 12.000 беа повредени и меѓу нив се наоѓа едно момче чија порака стигна и до Кристијано Роналдо.

Португалскиот фудбалер не остана имун на видео-пораката на момчето Андрес Миелес, кое остана без дом и се наоѓа во болница.

„Здраво, Андрес. Знам дека си мој голем навивач. Сакам да останеш силен и да продолжиш да сонуваш. Кога ќе оздравиш, сакам да дојдеш на мој натпревар и да те запознаам“, објави Роналдо.

Според медиумите, Роналдо планира да испрати и парична помош на погоденото семејство од земјотресот.

Фото: Seleções de Portugal