Иванов: Подготвен сум да дадам максимум за Македонија, се надевам на поголема минутажа!
Иванов, кој дебитира против Ирска, кажа дека е задоволен што ја добил довербата на селекторот Жозеп Марија Берокал.
„Му благодарам на селекторот за укажаната шанса. Се борев на тренинзите, влегов во тие 12 и бев подготвен да влезам во игра и да го дадам својот максимум. Правевме обемен скаутинг за Ирска, гледавме видеа од нивната игра. Знаевме дека се физички силна селекција, дека ќе играат цврсто и агресивно. Бевме подготвени да одговориме на истиот начин и мислам дека резултатот најдобро покажа дека успеавме во тоа“, вели Иванов.
Македонскиот кошаркар кажа дека се надева на минутажа и во дуелот против Луксембург.
„Среќен сум што одиме понатаму. Овие неколку дена ќе се подготвувам максимално на тренинзите и се надевам дека ќе добијам поголема минутажа“, посочи кошаркарот.
Македонија утре на гостински терен од 16.30 часот го игра дуелот против Луксембург.
Фото: КФМ