Чудото од СП пред голем трансфер: Возиња ќе ја дели соблекувалната со Меси!?

Неверојатниот голман на Зеленортските острови, 40-годишниот Возиња би можел наскоро да направи трансфер на кариерата, откако интерес за неговите услуги покажал Интер Мајами.

Голманот блесна на Мундијалот и со неговите настапи го воодушеви фудбалскиот свет, но привлече и големо внимание од повеќе екипи, меѓутоа најсериозен во битката за неговиот потпис е тимот каде што игра Лионел Меси.

Интер Мајами неколку пати покажа дека нема проблеми да ангажира искусни играчи, па наскоро би можел да ја засили и голманската позиција со Возиња.