Почнува лудилото на Мундијалот - познати сите двојки за осминафиналето
На шампионатот нема одмор и следниот сегмент почнува веќе вечерва од 19 часот по средноевропско време со пресметката меѓу Канада и Мароко, а од 23 играат Парагвај и Франција.
Шлагер на осминафиналето ќе биде дуелот меѓу ибериските соседи Шпанија и Португалија, но подеднакво интересни натпревари се очекуваат на Мексико и Англија и Бразил и Норвешка.