Победите со Македонија му „најдоа“ нов ангажман: Берокал потпиша за тим од Кина!
Кон крајот на овој месец, тој ќе стане дел од стручниот штаб на еден кинески прволигаш каде што ќе работи како помошен тренер. Сепак, тој не ја напушта македонската репрезентација, туку и во иднина ќе остане селектор откако го презеде нашиот национален тим во февруари годинава.
Берокал има големо искуство од работа во врвни европски клубови и секако ќе биде огромно засилување за стручниот штаб на својот нов клуб.