Канада подобро тргна, па застана - Мароко е првиот четвртфиналист! (ВИДЕО)
Мароко важеше за благ фаворит и пред дуелот, но првото полувреме им припадна на Канаѓаните кои создадоа неколку одлични прилики и закани пред голот на Мароканците. Од друга страна, Мароко упати само еден удар и не беа премногу опасни.
Сепак, работите се променија во второто полувреме. По само пет минути од враќањето на теренот по паузата Оунахи го отвори резултатот.
Продолжи Мароко да биде подобриот тим на теренот и во наредните минути, Канада не можеше да заигра како во првиот дел, а натпреварот беше одлучен во 82. минута кога Брахим Дијаз асистираше за Онуахи кој вторпат денеска стрелаше за 2-0.
Точка на натпреварот во последните моменти стави Рахими кога Дијаз уште еднаш асистираше за конечни 3-0. Во четвртфиналето, Мароко ќе игра против подобрите од вечерашното четвртфинале помеѓу Франција и Парагвај.