Зошто во Египет гледаа снимка со Мбапе пред пеналите со Австралија?

Египетската фудбалска репрезентација ја совлада Австралија по изведување пенали во шеснаесетфиналето на Светското првенство, а по овој внимание привлече и моментот пред изведувањето на пеналите.

Имено, египетските репрезентативци неколку минути пред почетокот на пенал серијата гледаа снимки од пенали на голманот Мет Рајан. 

Посебно внимание било посветено на пеналот што ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го изведе против Леванте на 17 јануари годинава, кога на голот беше Рајан.

На снимката јасно се гледа како австралискиот чувар на мрежата кој влезе во игра во 119. минута од натпреварот, се обидува да го збуни Мбапе со препознатливо движење по гол-линијата. Францускиот напаѓач, сепак, остана смирен, го почека вистинскиот момент и сигурно ја затресе мрежата, а потоа погодокот го прослави имитирајќи ги токму движењата на Рајан.

Египетскиот стручен штаб решил да го искористи токму тој пример за на своите изведувачи да им покаже како реагира австралискиот голман во моментите на најголем притисок. Целта не била само да се утврди во која страна најчесто скока Рајан, туку и да се анализира како се движи, кога се обидува психолошки да влијае врз противникот и колку рано ја открива својата намера.

Овој пристап се покажа како полн погодок бидејќи Египет се пласираше во осминафиналето.