Екс-фудбалер на Шкендија пред преселба во Серија А!

Поранешниот фудбалер на Шкендија од Тетово и Металург, Меритон Кореница е пред трансферот на кариерата бидејќи според медиумите во Италија, Монца може да го доведе во своите редови.

Косовскиот фудбалер во македонскиот фудбал го доведе Шкендија во 2015 година од редовите на Раховечи, а по една сезона во Тетово се пресели во Металург каде што играше како позајмен фудбалер. По истекот на позајмицата се врати во Шкендија, меѓутоа не се задржа и се врати назад во Тетово во Лирија.

Подоцна беше дел од Приштина, Балкани и Маниса од Турција, а од 2024 година е во Романија во Клуж каде што минатата година имаше солидни настапи со што го привлече вниманието и на Монца која изминатата сезона се избори за враќање во најсилната италијански конкуренција.