Дарио Ивановски и официјално ќе настапи на ЛОИ 2024

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски и официјално ќе настапи на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, откако организаторот ги објави учесниците на трката.

По истекувањето на рокот за пласман, следуваше неделата во која пласираните требаше да го потврдат своето учество, а Организаторот објави дека во дисциплината маратон се откажаа двајца атлетичари, па вкупната бројка ќе изнесува 82 маратонци.

Комплетната листа на учесници на ЛОИ 2024 може да се погледне ТУКА.