Вардар закажа три пријателски натпревари во Словенија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар закажа уште три пријателски натпревари кои ќе ги игра на подготовките во Словенија за новата сезона во Првата лига во која ќе влезе со големи амбиции.

Вардар, освен дуелите против Динамо Загреб и Свонси, денеска ќе се соочи и со Мура на стадионот „Раденци“ во 18 часот.

Вториот контролен меч на Вардар е закажан против Словенска Бистрица на 17 јули од 17.30 часот, додека третата средба се игра на 20 јули од 17.30 часот против Чарда Мартјанци.

Македонскиот прволигаш претходно соопшти дека ќе тестира и против Динамо Загреб на 23 јули на „Максимир“ од 19 часот, по што ќе се соочи против Свонси на 27 јули во Австрија против екс-премиерлигашот Свонси.