Хајдук доби казна од УЕФА поради навивачите

Сезоната во која Хајдук најавуваше високи амбиции, тргна лошо, тимот испадна од Европа и веќе има заостанување зад Динамо Загреб во домашното првенство.

Сплитскиот гигант остана покус за милиони поради испаѓањето од Европа уште во квалификациите, а ќе треба да плати уште некое евро за казни поради однесувањето на навивачите.

Според дисциплинската комисија на УЕФА, навивачите на Хајдук правеле нереди со фрлање на предмети и употреба на пиротехнички средства на гостувањата кај Торшавн и Ружомберок.

Поради непримерното однесување на навивачите, Хајдук ќе плати парична казна од 50.000 евра.