Хезоња полуде на пријателски натпревар - му се внесе в лице на судијата (ВИДЕО)
Реал славеше со 77-75, но иако од пријателски карактер, натпреварот беше максимално интензивен и бурен, како да се работи за официјален дуел. За тоа сведочи техничката грешка што за жесток протест ја доби тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ, како и исклучувањето на хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња.
На средината од последната четвртина, искусниот крилен играч протестираше што не му е досудена лична грешка, нешто му дофрли на еден од судиите, а откако доби техничка, тргна кон него и му се внесе в лице. Мораа да реагираат соиграчите за да не дојде до поголем инцидент, а Хезоња очекувано беше исклучен и мораше да замине во соблекувалната.