Луда изјава на Пике: Не им е лесно на фудбалерите, стануваат во 9 часот и вежбаат

Жерард Пике беше еден од најдобрите дефанзивци во минатата деценија, со Барселона и шпанската репрезентација освои се што можеше, но со изјавите и постапките, често беше предмет на потсмев.

Меѓу нив и последната, дека на фудбалерите не им е многу лесно затоа што и тие имале обврски во животот.

„Луѓето мислат дека е лесно да се биде фудбалер, ама размислете добро. Станувате во 9 часот, носите кратки гаќички и вежбате тактика и стратегија. Не сакате повеќе фудбал откако сте го играле 20 години“, рече Пике.

Многумина не можат да поверуваат дека поранешниот стопер на Барса ги кажал овие зборови, особено ако се знае дека тој и фудбалерите на неговото ниво заработиле стотици милиони евра за краток период, за разлика од обичните луѓе и работници кои можат само да сонуваат да го направат тоа.