Ристовски стартер за Динамо на гостувањето кај Баерн Минхен

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски ќе биде стартер за Динамо Загреб, додека Аријан Адеми ќе чека шанса од клупа на гостувањето кај Баерн Минхен на почетокот на новиот формат на Лигата на шампиони (ЛШ).

Динамо го објави составот со кој ќе го започне мечот во Минхен, а од првата минута ќе добие шанса Ристовски.

Натпреварот меѓу Динамо и Баерн се игра вечерва од 21 часот на „Алијанц Арена“.