Победнички старт на Јувентус и Астон вила во ЛШ (ВИДЕО)

Вечерва почна новото издание на Лигата на шампиони (ЛШ), а први до триумфи стигнаа Јувентус против ПСВ (3-1) и Астон вила против Јанг бојс (3-0).

Првиот гол на мечот беше дело на Кенан Јилдиз, кој во 21. минута постигна прекрасен погодок, по што во листата на стрелци се запишаа Винстон Меккени во 27. минута и Николас Гонзалес во 52. минута.

ПСВ до крајот на мечот успеа да постигне само еден гол, и тоа преку Исмаел Саибари во 93. минута.

Астон вила постигна два гола во првото полувреме преку Јури Тилеманс и Џејкоб Рамзи, додека на Оли Воткинс му беше поништен погодок поради игра со рака.

Во вториот дел му беше поништен гол и на Дуран поради истата причина како Воткинс, додека конечните 3-0 ги постави Амаду Онана.