Струмица загуби убедливо од грчки Олимпијакос

Македонскиот одбојкарски тим Струмица беше поразен со 0-3 во сетови, односно 15-25, 16-25 и 15-25 од грчкиот гигант Олимпијакос во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Олимпијакос тргна фуриозно уште во првиот сет и со серија од 5-0 стигна до 9-3 на почетокот на средбата, по што го зголемуваше водството до 25-15.

Идентично беше и во следните два сета, иако Струмица имаше само воведно водство, по што грчката екипа ја презема контролата и славеше со 25-16 и 25-15.

Реваншот меѓу Олимпијакос и Струмица се игра на 24 септември од 18.30 часот.