Мбапе не се договори со ПСЖ - бара 55 милиони евра!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе имаше состанок со претставници на неговиот поранешен клуб ПСЖ, меѓутоа истиот заврши неуспешно.

Мбапе побара да се вклучи во случајот и правната комисија на француската фудбалска лига, откако обвини дека ПСЖ му должи пари и побара дури 55 милиони евра.

Клубот тврди дека не му должи пари на Мбапе, кој наводно се откажал од бонусот при продолжување на соработката во 2023 година, меѓутоа адвокатите на францускиот напаѓач велат дека тоа не е вистина.

Претставниците на ПСЖ беа оптимист по состанокот, меѓутоа Мбапе не попушта и до крај ќе си ги бара парите за кои тврди дека му ги должи францускиот гигант.