Ѕвездите на Манчестер сити планираат штрајк поради Лигата на шампиони

Фудбалерот на Манчестер сити, Родри кажа дека фудбалерите се блиску до одлука да почнат штрајк поради зголемениот број на натпревари.

Британските медиуми ја пренесуваат изјавата на Родри, кој смета дека никој не е заинтересиран за нивното здравје и фудбалот го гледаат како бизнис.

„Можам да кажам дека 60 или 70 натпревари се многу за фудбалер во една сезона. Играч може да настапи на најмногу 40 или 50 дуели. Оваа година можеби ќе одиграме вкупно 70 или 80 средби во сите натпреварувања“, кажа Родри.