„Имам навистина луд сон, сакам да бидам тренер на Бока јуниорс“

Прославениот италијански тренер Маурицио Сари е без работа откако го напушти Лацио, но во разговор со новинарите откри каде сака да работи во иднина.

Италијанскиот стратег кажа дека има луд сон, а тоа е да работи во Аргентина, односно во Бока јуниорс.

„Сон ми е да бидам тренер на Бока јуниорс. Тоа е навистина луд сон. Не знам дали ќе се оствари, но би сакал еден ден да добијам таква мисија“, кажа Сари.

Сари во кариерата водеше многу екипи, меѓу кои се Челси, Наполи и Јувентус.