Матеј Цветаноски во тимот на колото во БиХ (ФОТО)

Македонскиот фудбалер, Матеј Цветаноски се најде во тимот за изминатото коло во најдобрата лига на Босна и Херцеговина.

Цветаноски постигна гол за Железничар, негов дебитантски за славниот босански клуб. Македонецот и севкупно одигра одличен меч, по што беше избран во тимот на колото.