Новата сезона почнува со Суперкупот - МЗТ и Баскет Кам ќе го бранат трофејот „Драган Василов Цевка“
Кошаркарската федерација ги објави термините за натпреварите кои веќе традиционално ќе се играат во Кале. Суперкупот, кој го носи името „Драган Василов Цевка“ ќе се игра на 28 септември со тоа што од 17 часот на терен излегуваат Баскет Кам и МЗТ Скопје кај дамите, а од 19:30 часот, МЗТ Скопје и Пелистер во машка конкуренција.
Баскет Кам и МЗТ Скопје се бранители на трофеите и најуспешни екипи во ова натпреварување. Тимот од Македонска Каменица има два од вкупно три изданија во женска конккуренција, додека аеродромци се убедливо најдобри со шест пехари од кои пет во низа.