Заврши сонот на Финска, Франција и Полска ќе водат битка за европско злато

Двократниот олимписки шампион Франција обезбеди место во финалето на Европско првенство откако вечерва славеше над Финска со 3-1 (25-17, 18-25, 25-18, 25-15).

За Франција ова ќе биде прво финале по пауза од 11 години. Франција тргна многу подобро во натпреварот и го доби првиот сет со 25-17, но Финска се врати во вториот и речиси на идентичен начин возврати за израмнување.

Добро влегоа Финците и во третиот сет, меѓутоа Франција тука брзо реагираше и создаде поубедлива предност. Во продолжение од сетот, фаворитот не дозволи најголемото изненадување на турнирот да се врати во игра.

Четвриот сет донесе најголема доминација на Франција, Финска освои само 15 поени и не успеа да биде блиску до обезедување петти сет.

Во финалето Франција ќе игра против Полса која претходно ја оправда фаворитската улога со Словенија со победа од 3-0.