Пелистер и Охрид лесно до нови победи во Суперлигата
Пелистер во Битола играше против својот „помал брат“ Пелистер 2 и рутински славеше побеа од 35-24.
Вториот тим на Пелистер даваше отпор 20-тина минути, кога по реалираниот пенал на Митревски избраниците на Червар направија серија од 3-0, а потоа и на одмор заминаа со 16-12. По враќањето на теренот од паузата фаворитот комплетно почна да доминира и на крајот славеше победа и со двоцифрена разлика.
Калајџиовски со шест гола и Серафимов со пет гола беа најефикасни кај Пелистер, додека Христијан Митревски на спротивната страна постигна осум погодоци.
Охрид на уште поубедлив начин стигна до третата победа од стартот на сезоната и Прилеп на свој терен го декласираше со 34-18.
Натпреварот беше решен уште по првите 30 минути кога Охрид водеше со 18-9. Во продолжение домаќините лесно го приведоа натпреварот кон крајот и запишаа нови бодови.
Охрид во следниот натпревар на 3 октомври го очекува многу потежок предизвик бидејќи го стува кај шампионот Вардар, додека Пелистер ќе ги одмери силите со Бутел.