Белгија ја доби Италија среде Рим, Мбапе ја расплака Турција, но ги исплаши во Мадрид (ВИДЕО)

Репрезентациите на Белгија и Франција славеа победи во двете дерби средби вечерва од Лигата на Нации.

Белгијците со 2-0 беа подобри од Италија на гостински терен во Рим. Дуелот на Олимпико донесе две различни полувремиња, а на крајот сепак може да се каже дека Белгија заслужено ги освои бодовите.

Првото полувреме помина во комплетна доминација на гостите. Италија само повремено знаеше да испрати закана, додека Донарума со неколку одлични интервенции го спасуваше својот гол. Голманот на Манчестер сити сепак не можеше ништо да направи во 20-тата минута кога Лука Готс одлично се ослободи од своите чувар во шеснаесетниот и стрелаше во мрежата.

Во второто полувреме, Италија се разбуди почна да игра и да создава шанси, додека Белгија трпеливо чекаше шанса на својата половина. По неколку нереализирани прилики точка на натпреварот стави Лукебакио на 20 минути пред крајот.

Франција на гости ја победи Турција со 1-0, единствениот гол беше дело на Килијан Мбапе во 54. минута. Напаѓачот на Реал Мадрид само пет минути по постигнатиот гол заработи и повреда поради која беше заменет (ТУКА)

Засега не е познато дали ќе може да ѝ помогне на Франција во преостанатите натпревари од овој репрезентативен прозорец.

Останати резултати:

Унгарија – Украина 0-1

Полска – БиХ 0-0

Шведска – Романија 2-1

Црна Гора – Кипар 2-1

Грузија – Северна Ирска 0-1

Ерменија – Летонија 2-0