Вардар куп-авантурата ја почнува кај Новаци, сериозни ривали за „лавовите“ и за Гостивар!

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа извлечени двојките за првата рунда од Купот на Македонија, во која ќе го нема бранителот на трофејот Тиквеш, кој со тоа обезбеди директен пласман во осминафиналето.

Екипата на Вардар, која со пет победи е најтрофејна во ова натпреварување, атакот на првиот куп-пехар по пауза од 17 години ќе го почне на гости кај второлигашот Новаци. Интересен противник го чека и вториот на вечната табела, составот на Работнички, кој може да се пофали со четири победи во домашниот Куп. Дебармаалци ги чека гостување кај амбициозниот тим на Шкендија Арачиново, кој минатата сезона се избори за второлигашки статус.

Натпреварите од 1/16-финалето се играат на 18. септември со почеток од 15 часот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

Новаци – Вардар

Победа – Гостивар

Џепчиште – Шкупи

Кожуф – Арсими

Вардар Неготино – АП Брера

Јени Маале – Шкендија

Беласица – Македонија ЃП

Башкими – Воска Спорт

Охрид – Беса

Слога Виница – Струга ТЛ

Шкендија Арачиново – Работнички

Карбинци – Силекс

Борец – Детонит Плачковица

Скопје – Пелистер

Брегалница – ФК Слободен

* Тиквеш како освојувач на Купот обезбеди директен пласман во 1/8-финалето од Купот