Синер двапати бил позитивен на допинг-тест, но нема да биде суспендиран

Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер двапати бил позитивен на забранетата супстанца стероид клостебол во текот на Мастерсот во Индијан Велс, но нема да биде суспендиран.

Во денешното соопштение од тимот на италијанскиот тенисер се наведува дека во прашање била ситуација на турнирот во Индијан Велс каде што Синер беше елиминиран во полуфиналето од Карлос Алкараз.

Од тимот на Синер објаснуваат дека до прекршокот дошло откако неговиот фитнес тренер купил прозивод кој е користен за нега на на исекотината на прстот кој тој ја имал.

„Јаник не знаеше ништо, а неговиот физиотерапевт не знаел дека користи производ кој содржи клостебол. Физиотерапевтот го направил третманот без ракавици и во комбинација со разни допири со телото на Јаник, па така предизвикал ненамерна контаминација“, објави Скај.

Синер од почетокот на истрагата максимално соработувал со лицата кои ја воделе истрагата. Изминатата вечер тој го освои турнирот во Синсинати откако во финалето победи Американецот Френсис Тиафо со 7-6 и 6-2.