Барселона е „шворц“, ама пак подготвува бомба за крајот на преодниот рок!

Без разлика што уште не е излезена од лошата финансиска ситуација и има големи проблеми за регистрација на нови фудбалери, управата на Барселона и понатаму се обидува да обезбеди квалитетни, а со тоа и скапи засилувања.

Каталонците, според информациите на шпанските медиуми, во финишот од преодниот рок ќе се обиде да потпишат со Рафаел Леао, кој во моментов е фудбалер на Милан. Италијанскиот тим бара околу 100 милиони евра за негово заминување, што е премногу за „банкротираната“ Барса, која, сепак, се надевам дека ќе ја намали оваа сума.

Единствен начин на кој би се остварил овој трансфер е шпанскиот гигант да вклучи неколку свои фудбалери во своевидна размена, со што би можела да ги задоволи ригорозните услови од финансискиот фер-плеј. Ова, нормално, би било остварливо само ако Милан прифати да остане без Леао за да се засили на овој начин со фудбалери на Барселона.