И во третото коло од ПМФЛ ќе има меч во вечерен термин

Во минатото исклучителна реткост во македонското првенство беа натпреварите кои се играа во вечерен термин, оваа сезона има таков во секое од првите три кола.

Овојпат Брера во Струмица од 20 часот во недела ќе ја пречека екипата на Шкендија.

Струмичкиот тим и во првото коло играше во вечерен термин, тогаш со 3-1 го совлада Вардар.

Во изминатото коло Вардар и Пелистер го играа дербито под рефлектори.

Останатите натпревари од третото коло се играат во термин од 16 часот, а се среќаваат: Шкупи - Вардар, Работнички - Струга, Беса - Тиквеш, Пелистер - Силекс и Воска - Гостивар.