Атлетико не му верува на Челси, ќе чека прво сините да го потпишат Феликс, па тие да го комплетираат Галагер

Откако пропадна трансферот на Саму Омородион во Челси, Атлетико Мадрид ја загуби довербата во англискиот клуб, па ќе почека прво тие да го комплетираат трансферот на Жоао Феликс, за потоа они да потпишат со Конор Галагер.

Првичниот бизнис план на Атлетико Мадрид и Челси беше англискиот клуб да потпише со Саму Омородион, а Шпанците да го земат Конор Галагер.

Но, откако Омородион ги помина медицинските прегледи, Челси одлучи да не потпише со напаѓачот. Тогаш и Атлетико одлучи да не го потпише Галагер кој исто така ги имаше поминато медицинските тестови.

Галагер се врати во Лондон, а Челси му порача на Атлетико Мадрид дека ќе го купат Жоао Феликс кој исто така беше на листата за продавање.

Конечно се е договорено, но Атлетико Мадрид е решен да почека прво Челси да го потпише Жоао Феликс, па потоа тие да го комплетираат трансферот на Конор Галагер. Шпанскиот клуб не сака ново непријатно изненадување од сините.