Тотнем направи шест измени против Лестер, но не ги прекрши правилата!

На мечот меѓу Лестер и Тотнем се случи една ретка ситуација, гостите направија шест замени, но правилата беа испочитувани.

Јасно е дека дозволено е да се направат пет замени во три интервали во текот на натпреварот. Но, овојпат беше активирано уште едно правило кое ретко е видено.

Се работи за правилото при повреда на главата. Во случај тимот веќе да ги има направено петте замени, може да направи уште една дополнителна доколку се работи за играч со повреда на главата.

Таква беше ситуацијата со повредата на Родриго Бентакур. Тој во еден дуел доби удар во главата и многу незгодно падна, ситуацијата беше застрашувачката, околу десетина минути му се укажуваше помош, по што на носилки беше изнесен од теренот.

Тотнем го искористи правилото и направи уште една, шестта замена.