
Трет натпревар и трет дебакл: Младинците убедливо поразени и од Белгија
Македонија катастрофално го започна натпреварот со многу проблеми во реализацијата и во првите десет минути постигнавме само четири поени. По сигурната предност уште на стартот ниту еднаш не се ни доближивме да ја загрозиме победата на Белгијците кои сигурно ја одржуваа високата разлика.
Најквалитетен период во нашата игра беше третата четвртина, но и тој период го загубивме со два разлика (20:22). Претходно избрaниците на селекторот Смилковски беа поразени од од Шпанија и Турција.
Најефикасни во нашите редови беа Симиќ и Бошалевски со по 14 поени, Јовановиќ уфрли еден помалку.