Во финалето постигна гол за победа, а денес во неговиот град се појави графит против него

Фудбалерот на Реал Мадрид, Микел Ојарзабал стана херој на шпанската репрезентација откако влезе од клупата и постигна гол за победа против Англија во финалето (2:1).

Додека цела Шпанија слеше во Баскија баш и не беа пресреќни со титулата. Познато е дека долго време Баскијците се борат за независност и права во својата држава. Така поголем дел од нив не ја подржувата Владата на Шпанија, но и репрезентацијата.

Еден ден по финалето непознати сторители на зграда во Елорија, местото во Баскија каде што живее мајката на Ојарзабал истакнаа транспарент со кој јасно покажаа што мислат за играњето на Ојарзабал за Шпанија, но и за неговиот соиграч од Сосиедад, Микел Мерино.

„Не за играњето на Шпанија“, пишуваше на транспарентот на кој беше истакнато баскиско знаме и прешкртано шпанско знаме. Исто така беа испишани и имињата на двајцата фудбалери.

Главниот кордитарот на баскиската националистичка странка, Армалдо Отеги еден ден по победата изјави дека никогаш нема да слави победа на Шпанија.

„Тоа не е моја репрезентација, тоа не е мој крај и не е моја химна“, изјави Отеги.