По една година во Барселона, Гундоган се врати во Манчестер Сити!

Манчестер Сити и Илкај Гундоган се договорија, фудбалерот без обештетување се враќа во англискиот шампион.

Гундоган цели седум години беше во Манчестер Сити пред да се пресели во Барселона минатото лето.

Но, неговиот престој во шпанскиот гигант траеше само една сезона. Барселона се одлучи да го пушти како слободен играч и да заштеди на неговата плата.

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити брзо реагираа и го договорија неговото враќање.

Гундоган ќе потпише договор до јуни 2025 година со опција за уште една дополнителна сезона.