Ѓоковиќ со две реченици предизвика невиден хаос меѓу навивачите во Шангај!

Директорот на мастерс-турнирот во Шангај, Мајкл Луевано, вели дека најавата за враќање на Новак Ѓоковиќ на овој собир во Кина преку ноќ предизвикала хаос меѓу навивачите и ја зголемило побарувачката за билети.

Србинот изминативе пет години не играше на овој турнир, поради што е разбирлива реакцијата на неговите кинески фанови.

„Едвај чекам да се вратам во Шангај и повторно да играм. Ми фалат кинеските навивачи, ми недостига да играм на кинеско тло. Имав многу успех сите во Шангај, фантастични спомени. На моите фанови им порачувам дека ќе се видиме за да можеме заедно да уживаме во тенискиот центар Кижонг во Шангај“, рече Новак.

Ѓоковиќ освои четири титули во Шангај и оствари вкупно 34 победи, а локалните медиуми велат дека тој отсекогаш бил миленик на навивачите.

„Новак им испрати порака на кинеските навивачи дека доаѓа, по што експлодира продажбата на билети. Реакцијата на неговото враќање беше феноменална. Исклучително сме возбудени да ги пречекаме играчите како Јаник Синер, Карлос Алкараз, Данило Медведев, нашиот шампион од 2019 година и нашиот актуелен шампион Хуберт Хуркач“, изјави директорот Луевано.

Турнирот во Шангај почнува на 30 септември, ќе трае 20 дена, а во главната ждрепка ќе има 96 тенисери.