Рудигер го измами судијата, но не и ВАР - со срамен потег изнуди пенал (ВИДЕО)

Реал Мадрид води со 1-0 против Штутгарт, но првото полувреме го одбележа една срамна сцена во која главната улога ја имаше Антонио Рудигер.

Германецот изглуми дека добил удар во казнениот простор и судијата покажа на белата точка, но ВАР-технологијата реагираше и потоа ја корегира грешката.

Рудигер се посрамоти со неговиот потег, поради кој доби критики на социјалните мрежи.