Катастрофална е состојбата на Олд Трафорд: Јунајтед во минус од 113 милиони фунти

Освен тоа што веќе една деценија нема никакви резултати и значајни освоени трофеи, Манчестер Јунајтед во последно време многу лошо работи и на финансиски план.

Завршната пресметка за минатата сезона покажалаа дека клубот е во минус од 113,2 милиони фунти што само по себе е кршење на правилата на финансискиот фер-плеј кои дозволуваат загуба од максимум 105 милиони фунти во текот на три сезони по ред. Кај Јунајтед ситуацијата е алармантна бидејќи сезоната 2022/23 ја заврши со негатива од 42 милиона, а таа пред неа со 115,5 милиони фунти. Сето тоа, дава вкупна сума од 270 милиони фунти во период од три сезони што би можело да предизвика реакција и кратење бодови на тимот во Премиер лигата.

Голем дел од овој минус оди на неверојатно високите и незаскужени плати на некои фудбалери, како и преплатените трансфери во овие три години. Од клубот уверуваат дека Јунајтед нема да ја доживее судбината на Евертон и Нотингем Форест на кои им беа одземени бодови, но навивачите се уште повеќе разочарани од сето она што се случува на Олд Трафорд.