Манчестер јунајтед со седум гола го распарчи Барнсли
„Црвените ѓаволи“ нападнаа од самиот почеток, а до првиот гол се чекаа 16 минути кога Рашфорд ја затресе мрежата на ривалот, по што погодија Антони и Гарначо.
Во второто полувреме Гарначо и Рашфорд повторно стрелаа и зголемија на 5-0, додека конечниот резултат го постави Ериксен со два погодоци.
Претходно Евертон загуби на пенали од Саутемптон, додека Кристал Палас го совлада КПР.