Мурињо удри по Осимен: Добар е фудбалер, ама - повеќе симулира од што игра!

Нигерискиот репрезентативец, Виктор Осимен, по пропаѓањето на трансферот во Челси односно Саудиска Арабија заврши на позајмица во Галатасарај, со што го предизвика тренерот на ривалскиот Фенербахче да го прокоментира неговото доаѓање во Истанбул.

Жозе Мурињо нема баш добро мислење за напаѓачот, без разлика што неговиот тим летово беше во игра за ангажман на „машината за голови“ од Наполи.

„Осимен е одличен играч. Немам проблем со него, всушност имаме добри односи, но не ми се допаѓа како се однесува. Тој премногу симулира. Последен пат кога играа Рома и Наполи разговарав со него и му реков: 'Ти си еден од двајцата најдобри фудбалери во Африка, заедно со Салах. Во минатото тоа беа Дрогба, Самуел Ето и Жорж Веа, затоа не можеш така да се однесуваш'. Симулира премногу и тоа е мојот проблем со него“, изјави Португалецот.